Правила

III ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ПОМЕЃУ МУЗИЧАРИ ОД МАКЕДОНИЈА

 “МУЗИЧКИ КУП 2018”

  1. На турнирот 16 екипи се поделени во 4 групи (А, Б, Ц и Д) со тоа што екипите ќе бидат распоредени во 4 шешири, а предност ќе имаат екипите кои освоиле повисок пласман на минатогодишниот Музички куп 2017. Екипите ќе играат по приниципот секој со секого во групата (секоја екипа во групната фаза ќе одигра 3 натпревари).

 

  1. Распоред на ждрепката:

 

1 шешир:    ПОП РОК ФОЛК,

                        ЛИБЕРО БЕНД,

                        ТЕШКОТО,

                        ГРУПА ФОРТУНА

 

2 шешир:    ГРУПА МАЕСТРО

                         БИОРИТАМ         

                         РЕКВИЕМ             

                         КУДЕ ТУМБУ И ТРИ БАНДЕРЕ

 

3 шешир:    ВОЈВОДИ

                         ПЕЛАГОНИЈА СИТИ   

                         GIPSY UNITED

                         MUSIC TEAM KUMANOVO

 

4 шешир:    INTERMEZZO

                         FAIR PLAY

                         ФЕОДОР БЕНД

                         КОКТЕЛ БЕНД

 

 

 

  1. Ждрепката ќе започне со извлекување на екипите од 4-иот шешир. Првата извлечена екипа оди во група А, втората во група Б, третата во група Ц, четвртата во Д. Истиот овој принцип на извлекување ќе се спроведе и за 3-иот, 2-иот и 1-иот шешир.
  2. Откако ќе се извлечат групите, распоредот на натпреварите по групи ќе се прави по следниот принцип.
  • Прво коло: 1 – 4; 2 – 3
  • Второ коло: 1 – 3; 4 – 2
  • Трето коло: 2 – 1; 3– 4
  1. Екипата која ќе забележи победа во натпревар од групната фаза, добива 3 бода, додека поразената екипа 0 бодови. Доколку натпреварот заврши нерешено, двете екипи ќе освојат по 1 бод.
  2. Во случај на исти бодови на екипите во групата за пласманот понатаму одлучува меѓусебниот дуел, потоа гол-разликата (гол-количник), а ако и тогаш е исто се одлучува по пат на ждрепка.
  3. Натпреварите се играат 2х20 минути на терен со вештачка трева и со фудбалска топка за голем фудбал (не футсал).
  4. Во ¼ финале одат најдобрите две екипи од секоја група.
  5. Четвртфиналето се игра по следниов распоред:
  • 1А – 2Б
  • 1Б – 2А
  • 1Ц – 2Д
  • 1Д – 2Ц
  1. ½ финалните двојки ќе се играат по принцип 1 – 3; 2 -4.
  2. Поразените екипи од полуфиналето ќе играат натпревар за трето место, додека пак победниците играат во финалето.
  3. Во четвртфиналето, полуфиналето и финалето, победникот на средбите. што ќе завршат со нерешен резултат ќе биде решен со изведување на пет удари (5 серии) од седум метри (пенали).
  4. На сите предвидени натпревари, ќе судат професионални судии делегирани од ФФМ.
  5. Забрането е играње со копачки на натпреварите.
  6. Секоја екипа да биде во салата 1 час пред почетокот на нивниот натпревар.
  7. 10 минути пред почетокот на натпреварот, капитените на двете екипи треба да дојдат до записничката маса за организаторите да го проверат списокот на пријавени и пристуни играчи.
  8. Доколку екипата не се појави на теренот 30 минути по претходно предвидениот термин за почеток на натпреварот, противничката екипа која е во салата, натпреварот ќе го добие со службен резултат – 3:0.
  9. Во случај на посериозна повреда на пријавениот голман, со која не би бил во можност да го доврши турнирот, екипата може да го промени истиот во било која фаза од натпреварувањето, со голман (задолжително – музичар) кој не е на првичниот список на пријавени играчи, но исто така и да не е претходно пријавен во друга екипа. За ова треба да биде известен организаторот со што би го отстранил од списокот повредениот голман, а ќе го вметне новиот. Ова се однесува само за голман.
  10. На натпреварот немаат право да настапат лица кој не се пријавени на списокот во пријавата.
  11. Секоја екипа треба да обезбеди два комплета (едниот темна, другиот светла боја) на дресови со иста боја. Сите играчи натпреварот треба да го започнат со дрес со иста боја (по претходна консултација пред натпреварот со организаторот и противничката екипа ќе се одреди која боја), освен голманот кој треба да го започне натпреварот со боја на дрес различен од неговата екипа, се со цел да се распознава подобро на теренот.
  12. На секој играч на дресот позади треба да стои број (по можност и презиме) која ќе се совпаѓа со името и презимето на играчот, кој се наоѓа на пријавата.
  13. На натпреварот настапуваат шест играчи (5+1), додека останатите пријавени се резерви.
  14. Доколку од која било причина екипата нема 6 играчи во поле (5+1), натпреварот ќе завршат со тие играчи кои се на списокот и кои се во можност да го доиграат на натпреварот. Екипата нема право да повика играч од страна кој не е пријавен во списокот на играчи.
  15. Натпреварот може да почне и доколку екипата има 4 играчи во поле (3+1).
  16. Измените се прават без прекинување на играта, од страната каде што седат резервните играчи на екипата што ја врши измената.
  17. Нема да се толерираат посериозни контакти, А ЛИЗГАЧКИТЕ СТАРТОВИ ЌЕ БИДАТ САНКЦИОНИРАНИ СО 2МИН. ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ИГРАЧОТ/ГОЛМАНОТ, БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ИМАЛО ИЛИ НЕМАЛО КОНТАКТ СО ПРОТИВНИЧКИОТ ИГРАЧ.
  18. Ако ист играч добие второ исклучување (од 2 минути) на еден натпревар, добива автоматски црвени за него наптреварот е завршен. По истекот на суспензијата од 2 минути екипата може да влезе било кој играч од пријавените, со што екипата натпреварот го продолжува со 5+1.
  19. Од оваа година се воведува футсал правилото 6 фаули во едно полувреме – пенал. Доколку во едно полувреме една екипа направи 5 прекршоци, веќе на следниот (6-ти) прекршок ќе биде досуден пенал за противничката екипа, без оглед на тоа на кој дел од теренот е направен прекршокот. При секој следен фаул во полувремето на екипата која веќе направила 6 фаули, ќе се досуди пенал за противничката екипа се до истек на полувремето кога се анулираат фаулите од претходното полувреме.
  20. Секоја екипа има право на два тајм-аута по еден во полувреме, при што топката мора да ја имаат во свој посед на прекин на играта.
  21. Доколку екипата со суспендиран играч од 2 минути прими гол во тој период, без оглед на тоа што не се истечени 2 минути, екипата натпреварот го продолжува со 5+1, веднаш по примениот гол.
  22. За груб старт, играчот кој го направил прекршокот добива ДИРЕКТЕН ЦРВЕН КАРТОН и ја напушта играта до крајот на натпреварот и нема право да игра следниот натпревар. После две минути од исклучувањето на играчот, влегува друг играч на негово место, при што екипата продолжува со 5+1.
  23. Судијата може да исклучи играч со 2 минути или црвен картон, доколку истиот навреди (опцуе) противнички играч, судија или друго лице од организацискиот одбор на турнирот.
  24. Аутот се изведува позади линија или на самата линија, доколку топката е во терен и не ја допира линијата при изведувањето на аутот, судијата ќе ја одземе топката и истата ќе и припадне на противничката екипа.
  25. Доколку аутот или корнерот не се изведат за 5 секунди, судијата ќе ја одземе топката и истата ќе и припадне на противничката екипа.
  26. При изведување на слободен удар, живиот ѕид треба да биде одалечен 5 метри од топката.
  27. Доколку голманот ја избие топката позади линијата од својот гол, противничката екипа добива корнер. (Има корнер од голман)
  28. Голманот може да ја фрла топката преку центар (при фаќање во игра или од гол аут).
  29. Голманот не може да постигне гол со рака.
  30. Валиден е секој гол освен оној кој е постигнат со рака.
  31. Пеналот се изведува од 7 метри, а залетот на играчот кој го изведува пеналот треба да биде најмногу до прекинатата линија од 9 метри. Сите останати играчи треба да стојат позади линијата од 9 метри. По изведувањето на пеналот играта продолжува.
  32. Доколку некоја екипа има некои забелешки, истите да ги пренесе на судијата или организаторот, пред или за време на натпреварот.
  33. По завршување на натпреварот, екипата нема право на никакви жалби кон судиите и организаторите.
  34. По завршување на секој натпревар капитените се должни да го потпишат записникот
  35. Непридржувањето кон пропозициите доведува до автоматска дисквалификација на екипата.
  36. Официјалните конечни резултати од натпреварите ќе бидат објавени на официјалната веб страна: muzickikup.mk и на Фејсбук: www.facebook.com/muzickikup

Непридржувањето кон пропозициите доведува до автоматска дисквалификација на екипата

Спонзори